ВИДЕО: ЦСКА најде лек за Жалгирис, Тринкери го надмудри Зенит

ЦСКА Москва на домашен терен славеше над Жалгирис (83-73) и останува на првата позиција на табелата во кошаркарската Евролига, а литванскиот тим ќе мора да се помири со крај на победничката низа.

  • ЦСКА - Жалгирис:

„Армеците“ одиграа доминантно и заслужено дојдоа до полн плен. Жалгирис беше во подредена улога, а во еден момент гостинот од Литванија губеше и со 18 поени разлика (52-34).

Најдобар на листата на стрелци беше Џејмс со 21 поен, пред Шенгелија со 18, додека Хиланд заврши со 17 поени, а кај тимот од Каунас прво име беше Григонис со 16 поени.

Рутинска победа забележа и Панатинаикос, кој го надигра Лион (88-71). Феноменална партија во грчкиот тим имаше Недовиќ со 33 поени, шест асистенции и пет скока, пред Папајанис со 18 поени, додека кај францускиот првак стандардно прв стрелец беше Кол со 15 поени.

Баерн Минхен на Тринкери на домашен терен го доби дербито со Зенит (82-80). Германците константно водеа, а иако рускиот ривал се врати на крајот со неколку тешки поени, сепак, немаше време за изненадување. Најдобар беше Гудаитис со 22 поени, додека кај Баерн, Балдвин имаше 17 поени.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Црвена Звезда е одложен поради снежната бура во Мадрид и неможноста на белграѓани да дојдат до Шпанија поради отсечените авиоврски.