• Саше Љолес
Досегашниот плејмејкер на Партизан, Алекса Аврамовиќ, заминува од Белград и се сели во редовите на рускиот гигант, ЦСКА Москва.
Информацијата ја потврдија скоро сите српски медиуми, кои пишуваат дека Аврамовиќ ќе стави потпис на договорот со „Армејците“ веднаш по завршувањето на Олимписките игри во Париз.
Аврамовиќ ја започна кариерата во Борац Чачак, а потоа беше дел од ОКК Београд, Варезе, Уникаха, Естудијантес и Партизан. Минатата сезона во Евролигата бележеше просек од 10,2 поени и 1,7 асистенции по натпревар.