ВИДЕО: ЦСКА Москва лесно победи во „ревијалката“ со Панатинаикос

ЦСКА Москва е веќе во наредната фаза на Евролигата, но мораше да одигра уште еден натпревар во лигашкиот дел, против Панатинаикос, кој беше претходно одложен, па славеше сигурно (93-86).

Московјани константно водеа во „ревијалката“ со грчкиот претставник кој не е во ТОП-8 фазата, а високата предност ја стекнаа по само десет минути игра, по кои на семафорот во „Мегаспорт Арена“ во Москва стоеше 27-19.

Лундберг со 19 и Клибурн со 18 поени беа најдобри кај рускиот тим, додека кај ПАО, најмногу се истакна Папапетру со 15 поени.

ЦСКА го заврши регуларниот дел од сезоната на второто место и вкрстува со Фенербахче во битката за Ф4, додека ПАО е трети одзади со скор 11-23.