ЦСКА голем фаворит против АСВЕЛ, шпанско дерби во Мадрид

Негативниот тренд на одложување на натпревари во Евролигата, сепак, остави некаков избор за претстојниот петок, под услов дека во меѓувреме нема да се откаже уште некој натпревар. На програмата според распоредот треба да бидат три натпревари.

ЦСКА во Москва го дочекува АСВЕЛ и тоа за екипата на Димитрис Итудис ќе биде втор европски дуел во новата година по гостувањето кај Панатинаикос во средата. Асвел долго паузираше, но пред патот во Москва го победи Шоле како гостин во тензична завршница. За францускиот шампион тоа е прв „брејк“ по четири порази по ред во сите натпреварувања, еден од ретките во последните два месеци...

Да потсетиме, АДВЕЛ нанижа три порази во Евролигата на домашен терен, а оние од Басконија и Олимпијакос беа прилично убедливи. ЦСКА уште нема ниеден европски натпревар во Москва по онаа шлаканица која ја доби од Уникс пред еден месец. Секако, ЦСКА останува фаворит во овој меч и сè освен победа ќе биде вистинско изненадување.

За разлика од Макаби кој не одигра меч уште од трети јануари, Панатинаикос имаше можност против ЦСКА да се загрее за овој натпревар каде е многу пореално да ја бара победата. Гордоста на Израел е во сериозен пад и за време на последните два месеци оствари само четири победи во сите натпреварувања, три во редовните 40 минути. Во Евролигата ситуацијата е катастрофална затоа што Макаби нема победа во последните осум кола. Не може ниту ПАО да се пофали со многу подобра форма. До натпреварот со „армејците“, од единаесеттата рунда атинскиот великан славеше само на две средби, а поразен е во четири од последните пет натпревари поради што е на претпоследното место на табелата.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Евролигата >>>

Двата тима се засилија за време на паузата. ПАО го донесе Стефан Јовиќ на кого овој период добро ќе му дојде за да ги запознае соиграчите. Макаби го ангажира некогашниот НБА-шутер Кари Томас до крајот на сезоната. Панатинаикос ги доби последните четири меѓусебни пресметки во Атина, ама ако ја гледаме состојбата во Макаби, пореално е да се очекува и петта победа за продолжението на низата. Можно е и да се типува на вкупен број поени и на плус.

Реал Мадрид на свој терен ја дочекува Басконија која непријатно ја изненади Барселона во Виторија и скоро и да ја разби. „Бланкосите“ ја минаа корона-кризата на совршен начин затоа што нанижаа само победи и покрај бројните изостаноци. Басконија остана должник поради онаа убедлива победа во Мадрид минатата сезна (84-64), а не треба да се заборави и дека нивните дуели во „Визинк Центарот“ во последните години се често неизвесни и тесни. Реал главно ги добивал, но гсотинот од Виториа сериозно знае да го исцеди противникот. Додуша, Басконија оваа сезона е меѓу најслабите гости во Евролигата, па не треба да се очекува чудо. Посебно затоа што Реал, заедно со Олимпијакос, засега е единствен во натпреварувањето кој нема домашен пораз. Затоа кецот не би смеел да изостане, а може и плус во вкупниот број на поени.