ЦСКА го доби трилерот кај Алба, Зенит слави во кнежевството Монако

Руските екипи ЦСКА Москва и Зенит Санкт Петербург победија на гостувањата во рамките на 16. коло во Евролигата, додека Олимпијакос дома го прегази Асвел.

Кошаркарите на ЦСКА се радуваа во трилерот во Берлин кај Алба со 93-90. Во крајно неизвесен дуел, гигантот од Москва одлучуваше во пенал-завршница со поени од линијата за слободни фрлања и ја оправда фаворитската улога. Русите беа поконцентрирани кога беше најважно, па се радуваа на победата.

Најефикасен играч на дуелот беше Маодо Ло од Алба со 26 поени, а го следеше соиграчот Ериксон со 18. Кај ЦСКА најпрецизен беше Воигтман со 16, Клајбурн запиша 15, а запазена партија со „дабл-дабл“ ефект од 12 поени и десет скока имаше Шенгелија. 

Монако се врати на поразите, откако Зенит победи во кнежевството со 85-74. Руската екипа одигра фантастичен прв дел во Монако, имаше висока предност од +17, но се опушти во продолжението. Иако домаќинот стигна и се избори за драма, сепак не успеа да дојде до позитивен резултат. Најпрецизен на теренот беше Бејкон од Монако со 21 поен, додека еден помалку даде Лојд.  

  • Монако - Зенит 74-85:

Убедлива победа запишаа кошаркарите на Олимпијакос на домашниот дуел со АСВЕЛ од 89-54. 

  • Олимпијакос - АСВЕЛ 89-54:

Двата шпански тима Барселона и Реал Мадрид се најуспешни на влезот во последните кола годинава.