ЦСКА блесна во Истанбул и си поигра со Дарушафака

Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва не го повтори потценувачкиот влез во натпреварот против Химки и вечерва со полн плен се врати од Истанбул, каде ја совлада Дарушафака во рамките на 17. коло на Евролигата со 65-80.

Екипата на Димитрисс Итудис во текот на првиот дел го скрши отпорот на последно пласираната екипа во натпреварувањето и потоа само рутински го приведе натпреварот кон крај за финален триумф од 15 разлика. 

Во таборот на „црвеноармејците“ се истакнаа Де Коло со 17, Хигинс сo 13 и Родригез со 11 поени. Кај поразениот домашен тим на Дарушафака најефикасни беа Озмизрак со 11 и Ерик со седум поени.

Со 13 победи само четири порази, ЦСКА Москва е третопласирана екипа по неполни 17 кола во Евролигата, а подобар биланс од рускиот првак имаат само последните два евопски шампиони Реал Мадрид и Фенербахче