ЦСКА Москва без суспендираниот Џејмс загуби од Баерн Минхен

Екипата на ЦСКА Москва иако како голем фаворит на домашен терен загуби од Баерн Минхен (66-69) и го намали притисокот врз однос на Барселона во рамки на кошаркарската Евролига.

Без суспендираниот Џејмс, кој беше надвор од составот поради конфликт со соиграчи, московјани играа доста тешко против тимот на Тринкиери. Мечот го загубија во последните десет минути, кога ЦСКА Москва одигра катастрофално и постигна само шест поени, наспроти 19-те на Баерн Минхен вредни за пресврт.

Балдвин со 22 поени беше најефикасен на мечот, пред Сили со 17 поени, додека кај ЦСКА Москва најдобар играч беше Милутинов со 16 поени.

ЦСКА Москва го доживеа седмиот евролигашки пораз, додека Баерн дојде до четиринаесеттата победа и се зацврсти на петтото место.