• Саше Љолес

Она што се најавуваше во последните денови, конечно доби потврда. Огњен Добриќ после една година се враќа цо Црвена Звезда и ќе биде огромно засилување за белградскиот гигант.
Добриќ ќе потпише тригодишен договор со „црвено-белите“, кои и следната сезона имаат големи амбиции во Евролигата и во јадранското друштво. Звезда лани успеа да освои три трофеи, па се чини дека плановите се слични и за новите предизвици годинава.
29-годишниот Добриќ минатата сезона настапуваше за Виртус Болоња, но се враќа во Србија после само една година мината во италијанскиот клуб.