Црвена Звезда заради милиметри третпат по ред загуби во Љубљана

Кошаркарите на Црвена Звезда го доживеа третото сезонско разочарување во АБА-лигата, откако на гостувањето во Љубљана минимално беа поразени од Цедевита Олимпија со 87-86 во дербито од седмото коло на групата Б.

Иако српскиот тим речиси цел натпревар водеше неизвесна борба и имаше шанса за продолжение, решавачкиот момент дојде во последната секунда кога Коди Милер Мекинтајер погоди шут кој првично беше означен како тројка за израмнување. По прегледување на видео-снимката судиите утврдија дека играчот на Звезда бил на линија, па кошот беше преиначен во двојка, со што беа уништени надежите за дополнителни пет минути игра.

Овој пораз значи дека тимот на тренерот Саша Обрадовиќ има три порази на шест натпревари во АБА-лигата, слично како и во Евролигата каде по 11 кола има идентична негативна серија. Цедевита Олимпија, пак, со победата го зацврсти одличниот биланс од пет триумфи и само еден пораз, што ја држи во самиот врв на табелата.

Најефикасен во редовите на Црвена звезда беше Семи Оџелеј со 18 поени, додека центарот Урош Плавшиќ одигра сигурен натпревар и постигна 15 поени. За домашниот состав предничеше Умоџа Гибсон со 17 поени, придонесувајќи значително за клучната победа на екипата од Љубљана.

Другиот евролигаш Дубаи не виде мака и остана максимален со победата над 107-91 против ФМП од Железник. Буги Елис даде 28 поени кај победникот, додека кај српскиот тим, Џошуа Скот имаше 25 поени.