Црвена Звезда во трилер-меч и по едно продолжение се враќа со триумф од Монако!

Кошаркарите на Црвена Звезда успеаја по голема борба и едно продолжение да го надиграат Монако на гостински терен со конечни 94-100 во натпреварот од 23. коло во Евролигата. 

Првото полувреме донесе по една четвртина за двете екипи, а белградскиот гигант на паузата имаше предност од шест поени (44-50). Монако одигра маестрален трет период и го доби во своја полза со убедливи 27-18, а потоа одлично ја започна и последната делница од мечот.

Црвена Звезда имаше негатива од седум поени на три минути до крајот (90-83), но успеа на магичен начин да се врати во резултатска смисла и го одведе мечот во продолжение од пет минути. 

Српскиот тим подобро го отвори дополнителното време и со серија поени успеа да дојде на +6, предност од која Монако не успеа да се врати. Се обидоа домаќините во самиот финиш да сторат нешто повеќе, но „црвено-белите“ се искусен тим и не дозволија да си ја загрозат тешко стекнатата предност. 

Момците на Саша Обрадовиќ на крајот триумфираше со конечни 94-100, а најдобар поединец во победничкиот тим беше Ебука Изунду со 22 поени и 12 скокови, додека во редовите на Монако прво име беше Алфа Диало со седумнаесет постигнати поени. 

Олимпијакос го совлада Макаби Тел Авив со конечни 100-93, а честа на израелските тимови ја спаси Хапоел од Тел Авив, кој се избори за домашна победа над Анадолу Ефес со резултат 71-66.