• Горан Упале
Евролигата се враќа на голема врата и веќе в четврток ни донесе доста интересни натпревари. За петок се резервирани термините на уште пет меча, во кои фокусот ќе биде на гостувањето на Црвена Звезда во Минхен кај Баерн (20:30).
Дел од екипата на „црвено-белите“ успеа да се опореви по освоениот Куп, додека Дејан Давидовац, Лука Митровиќ, Рокас Гиедраитис, Адам Ханга, Иаго Сантоси Мајк Тоби останаа без пауза поради репрезентативните обврски.
Како што беше најавено, Милош Теодосиќ веројатно нема да може да ѝ помогне на Црвена Звезда во Минхен, бидејќи се обиде да ја залечи повредата која го мачи. Шансите за пласман на Звезда во плеј-инот се речиси непостоечки, поради што Јанис Сферопулос веројатно и сака да го остави најдобриот играч да одмори и да биде подготвен за предизвиците кои следат во Јадранската лига.
Баерн моментално има една победа повеќе од Црвена Звезда и уште има минимални шанси да направи чуди и да биде меѓу десетте најдобри, додека екипата во последно време фати солиден ритам со три победи во минатите пет кола на Евролигата и освоен национален Куп. Сметајќи ги сите меридијани, Баерн нанижа седум победи, а веќе одигра и првенствен натпревар, додека Звезда последните обврски ги имаше пред речиси две седмици.
Минхен одамна не е освоен од страна на Србите, уште од ноември 2015 година и оттогаш Баерн славеше на секој меч со Звезда. И не само тоа, туку сите мечеви ги доби со двоцифрена разлика, освен последниот во „Ауди Дом“.
Звезда е меѓу послабите гостински екипи со само три „брејка“, од тоа два беа во оваа година, а ниту за Баерн не може да се каже дека е силна екипа на свој терен. Затоа обидете се со двојка, а алтернатива нека ви биде вкупен број на поени.
Сите квоти во МОZZART за натпреварот Баерн Минхен - Црвена Звезда
Барселона и Монако играат дерби за второто место. До паузата за куповите и репрезентативните квалификации Монако нанижа пет евролигашки победи, потоа сензационално беше елиминиран во купот за со победи да се врати во првенството. Барса беше поразена во финалето на Купот на кралот речиси рутински, иако во елитното натпреварување имаше три победи во низа. Домаќинот секако е фаворит, иако похрабрите би можеле да се обидат со двојка бидејќи Монако е втор најопасен гостин. Притоа, Барселона не е доминантна, можете барем Х2.
Уште едно дерби, сега за директен пласман во четвртфинале ќе играат Фенербахче и Басконија. Првиот загуби, а вториот славеше на последните два евролигашки натпреварии истанбулскиот великан има победа повеќе. На свој терен не е поразен уште од Звезда на стартот на јануари, а Басконија славеше на Босфорот. Сепак, сега очекуваме кец.
Жалгирис сега повторно има силен домашен терен и не би се изненадиле со кец, иако традицијата е на страната на Олимпијакос, додека во средбата на Асвел и Армани не е лесно да се прогнозира, но бираме двојка.