• Мартин Танасковски
Кошаркарите на Црвена Звезда славеа во „вечното дерби“ против Партизан со 100-96, во натпревар одигран во Белградска арена во рамките на плејофот од АБА лигата.
И покрај коментарите дека овој дуел нема големо значење поради згуснатиот распоред и обврските во Евролигата, Црвена Звезда одигра на високо ниво и пред својата публика стигна до значајна победа над најголемиот ривал. Со овој пораз, Партизан го забележа вториот неуспех сезонава во регионалното натпреварување и сега ја дели лидерската позиција со Дубаи, додека Црвена Звезда со скор 15-5 се наоѓа на делба на третото место заедно со Будуќност.
Одлична партија прикажа плејмејкерот Коди Милер-Мекинтајер, кој натпреварот го заврши со 13 поени и девет асистенции. Значаен придонес имаше и Џоел Боломбој, кој забележа дабл-дабл ефект со 16 поени и 10 скока. Клучна улога во победата имаа и капитенот Огњен Добриќ, кој реализираше четири шута за три поени, како и Батлер, кој додаде една помалку.
Кај Партизан, најефикасни беа Бруно Фернандо и Шејк Милтон со по 15 поени, но нивниот учинок не беше доволен за да се избегне пораз во големото дерби.



