Црвена Звезда со брејк му даде „метла“ на Партизан и е нов АБА-шампион!

По пауза од една година трофејот од АБА лигата се врати во црвено-белиот дел од Белград. Кошаркарите на Црвена Звезда се нови шампион на регионалното кошаркарско натпреварување за сезоната 2023/24. Во финалната серија „црвено-белите“ му дадоа „метла“ на големиот ривал Партизан, откако славеа голема победа и во третото соочување (76-82) и со вкупни 3-0 по седми пат во историјата се АБА прваци.

По двете сигурни победи на свој терен, Црвена Звезда подобрата форма во финишот од сезоната ја потврдија и на првото гостување во пеколот во „Белградска Арена“. Третиот натпревар од серијата заврши со победа на гостите од...

Црвена Звезда беше подобра во три од четирите четвртини. Четата предводена од Милош Теодосиќ од четвртина во четвртина ја гадеше својата предност, а Партизан иако заигра посигурно и поефикасно во финишот, на крај не успеа да ја анулира негативата и на разочарување на фановите на трибините ја загуби драмата против лутиот ривал.

Најпрецизен во таборот на победничкиот тим беше Митровиќ со 12 поени, додека за Партизан Аврамовиќ имаше 17, а Анѓушиќ 13 поени.