Црвена Звезда слави во третиот финален дуел, за титулата недостига една победа

Бранителот на титулата Црвена Звезда поведе со 2-1 во финалната серија од плеј-офот во шампионатот на Србија во кошарка и веќе за два дена ќе ја има првата меч топка во четвртиот натпревар.

Во дуел во кој „црвено-белите“ постојано водеа, Партизан се враќање до самиот финиш, но на крајот потклекна и загуби со 96-90. 

Со вкупно 15 тројки АБА-шампионот го разби најголемиот ривал, а најефикасни во триумфот беа Берон со 23 и Давидовац со 17 постигнати поени. Кај поразениот Партизан се истакнаа Маринковиќ со 21 и Ренфро со 18 поени.

Четвртиот натпревар во кој домаќин во „Александар Николиќ“ е Партизан се игра в понеделник во 18:00 часот.