• Мартин Танасковски

Белградска Црвена Звезда не го најде лекот за германска Алба, откако загуби на седми натпревар во низа (74-70) и направи чекор назад во борбата за место меѓу најдобрите осум екипи и позиции кои водат во следната рунда од Евролигата.
- Алба Берлин - Црвена Звезда 74-70:
Српскиот тим има само една победа над овој тим извојувана во 2015 година. Оттогаш, не знае за успех против германскиот бундеслигаш. Лошиот прв квартал (24-15) ја стави Алба во комотна ситуација, а потоа иако Црвена Звезда се врати во мечот и цело време беше близу, не успеа да дојде до позитивен резултат.
Ло беше одличен кај Алба со 22 поени, додека Смит постигна 17 поени, а кај белграѓани Волтерс заврши со 18 поени, пред Калиниќ со 13 поени.
Француски Монако дома ја доби Басконија (78-68) и се заврсти на главните позиции во елитата. Одличен беше Томас со 16 поени, а поддршка му беше Бекјон со 14 поени, додека кај шпанскиот тим Петерс реализира 15 поени.
- Асвел - Олимпијакос 80-94:
Олимпијакос не дозволи изненадување и слави на гости кај Асвел (80-94), резултат со кој го презеде второто место во Евролигата. Дорси со 21 поен и Везенков со „дабл-дабл“ од 18 поени и 10 скока беа лидери кај тимот од Пиреја, додека Стразел даде 16 поени за Асвел.