• Саше Љолес
Управата на АБА шампионот, Црвена Звезда, продолжува да го засилува ростерот за следната сезона. Белградскиот гигант го потврди пристигнувањето на досегашниот крилен центар на Анадолу Ефес, Мајк Даум.
Американецот е роден е 1995 година, а во кариерата претходно настапуваше за екипите на Обрадоиро и Дертона Баскет. Се работи за одличен поентер кој минатата сезона во Евролигата просечно бележеше 9,4 поени и 2,2 скока по натпревар.
Се очекува да биде солидно засилување за „црвено-белите“, кои следната сезона повторно имаат големи амбиции за елитното европско натпреварување.