• Горан Упале
Српскиот првак и АБА-вицешампион Црвена Звезда го потврди своето ново засилување, американскиот крилен центар Џон Браун.
Поранешниот член на Монако неодамна пристигна во Белград и по извршените лекарските прегледи и официјално е претставен како ново засилување на „црвено-белите“.
„Поранешниот кошаркар на Уникс и Монако ги заврши деталните лекарски прегледи, кои ги создадоа сите услови за да се активира договорот од 1+1 сезона.
КК Црвена Звезда му посакува на Џон Браун многу здравје, среќа и спортски успеси во нашиот клуб“, меѓу другото стои во објавата на клубот.
Американецот своето деби за Црвена Звезда би требало да го има в петок, на натпреварот против Олимпијакос во Евролигата.