• Саше Љолес
Германскиот кошаркар Давид Крамер и официјално е нов член на Црвена Звезда. Белградскиот клуб го потврди неговиот трансфер, а бекот потпиша двегодишен договор.
Крамер има 29 години и пристигнува од Реал Мадрид, каде минатата сезона одигра 14 натпревари во Евролигата, со просек од два поени по натпревар.
Пред ангажманот во „кралскиот клуб“, кошаркарот роден во Словачка, настапуваше за шпанските Тенерифе и Гранада, додека своето деби во Евролигата го имаше во сезоната 2020/21 како играч на Баерн Минхен.
Тој беше дел и од германската репрезентација која во 2023 година ја освои светската титула, откако во финалето на Мундобаскетот во Манила ја совлада Србија.
Со доаѓањето на Крамер, Црвена звезда добива дополнителна ширина на бековските позиции пред почетокот на новата сезона.
