• Саше Љолес
Белградскиот евролигаш Црвена Звезда објави дека ја прекинува соработката со бразилскиот плејмејкер, Јаго Дос Сантос, кој заминува со взаемен договор со управата.
Иако имаше договор до 2027 година, Јаго заминува од Белград и ќе биде слободен во потрагата по нов клуб во кариерата.
Бразилецот пристигна во 2023 година и беше важен дел од екипата. Со Звезда ја освои АБА лигата во 2024 година, а воедно беше прогласен и за МВП на финалната серија. Исто така, освои две шампионски титули во Србија и два Купа „Радивој Кораќ“.
Јаго беше првиот Бразилец во историјата на клубот, а оваа сезона имаше ограничена минутажа, со скромен просек од 2,6 поени и 2,2 асистенции по натпревар.






