• Горан Упале
Кошаркарите на Црвена Звезда претрпеа нов убедлив пораз во Евролигата, откако во рамки од десеттото коло на свој терен со 22 разлика (71-93) го загубија натпреварот против Олимпија Милано.
По трите одиграни четвртини во Белград ретко кој можеше да претпостави вака срамен пораз на „црвено-белите“. Српскиот гигант одлично му парираше на фаворизираниот противник, но во последните десет минути целосно се распадна и дозволи Олимпија Милано да направи разлика од петнаесет поени и на крај да слави со убедливи 71-93.
Маодо Ло со 32 и Шелдс со 19 поени беа најдобрите кошаркари во таборот на „манекените“, додека единствена светла точка кај Црвена Звезда беше Давидовац со 18 поени. За Црвена Звезда ова беше дури седми овосезонски пораз во Евролигата, а Милано го запиша четвртиот триумф.
Вечерва се одиграа уште два натпревари од десеттата рунда во европската елига. Олимпијакос пред својата публика го совлада Жалгирис со 89-72, додека Басконија ја загуби драмата од Монако (75-77).