Црвена Звезда се „прошета“ во Лакташи, без проблеми ја совлада Игокеа

Кошаркарите на Црвена Звезда триумфираа на гостувањето кај Игокеа со 79-94 и се искачија на третата позиција, која води во полуфиналниот плеј-оф на АБА конкуренцијата. Избраниците на Шакота имаа целосна контрола врз средбата и лесно стигнаа до бодовите во спортската сала „Лакташи“. 

Игокеа отвори со минимална предност, која брзо беше преземена од фаворитот. Во првите десет минути предноста за првпат се качи на двоцифрена, но домаќините анулираа дел од неа. До полувремето Црврна Звезда играше сигурно и почна да ја зголемува разликата. 

По паузата работите на паркетот не се променија, а Игокеа немаше решение за разиграните белграѓани. Веќе на старот од последниот период гостите поведоа и со највисоки +19, кои до крајот беа недостижни. 

Најефикасен играч на средбата беше Џејмс Гист со 17 поени, додека кај Игокеа, Грин и Лешиќ уфрлија по поен помалку.

Црвена Звезда веќе во следното коло од АБА лигата игра дерби против лидерот Партизан, а потоа против Морнар и Цедевита Олимпија, кои се директни ривали за третата и четвртата позиција.