Црвена Звезда се налути и го уништи Морнар во АБА лигата

Екипата на Црвена Звезда без никакви проблеми ја оправда фаворитската улога и славеше на гостувањето кај Морнар Бар со конечни 69-110 во 17. коло на АБА лигата. 

Гостите од Белград покажаа дека се дојдени по бодовите уште на стартот, ја добија првата четвртина со 26-19, а на паузата имаа високи и убедливи 37-50. Канонадата продолжи и во второто полувреме, белграѓани не застанаа со силното темпо и на крајот заслужено победија со конечни 69-110.

Најефикасен кошаркар кај победничкиот состав беше Ајзеа Кенан со 17 поени, а на спротивната страна ист учинок имаше Чико Картер. Црвена Звезда останува во чекор со водечките Партизан и Будуќност, со само еден бод помалку.