• Иван Димовски

Црвена Звезда рутински и без потешкотии ја освои титулата во Суперлигата на Србија, откако и вторпат го совлада ФМП, овојпат со 82-72.
Серијата финишираше во минимални две средби, двапати фаворитот го среди предизвикувачот и ја освои осмата последователна титула како шампион на Србија. Момците на Душко Ивановиќ само се загреаја за финалната серија во АБА лигата, каде што исто така цел е титулата.
Лука Митровиќ со 16 поени беше најдобар на паркетот, а го освои и МВП признанието за финалето. На оваа средба Звезда играше без Лука Вилдоза кој се повреди и е неизвесен за АБА-финалето.
Првиот натпревар во разиграувањето за трофејот меѓу Партизан и Црвена Звезда е закажан за 13 јуни во „Штарк Арена“ со почеток во 20:00 часот.