• Горан Упале
Кошаркарите Црвена Звезда ја совладаа Цибона во „Штарк Арена“ во Белград, во рамките на 11. коло од АБА лигата. Големиот фаворит за трофејот во регионалното натпреварување славеше со 88-78 и со тоа ја оствари осмата последователна победа во АБА лигата.
Тренерот на евролигашот, Јанис Сферопулос пред овој натпревар доби одлични вести, поточно доаѓањето на крилниот центар Џон Браун, кој беше присутен на трибините, а од повредата заздрави Немања Недовиќ, кој беше во составот за овој натпревар.
Филип Петрушев, кој нема да игра против Олимпијакос в петок, не беше во составот на Црвена Звезда за натпреварот против Цибона, како и Милош Теодосиќ и повредениот Жоел Боломбој,
Најефикасен поединец беше Огњен Добриќ со 27 поени, Милер-Макинтајр запиша 14, Митровиќ 13 и Јаго дос Сантос 11 поени. Во редовите на Цибона, Шаманиќ постигна 20, Рочак 16, а Мајќуниќ 14 поени.