Црвена Звезда потполно се загуби, „кралската“ машина проработе во Мадрид

Кошаркарите на Реал Мадрид немаа големи проблеми во натпреварот од петтото коло на Евролигата со Црвена Звезда и славеа нова евролигашка победа, овој пат со конечни и убедливи 95-72. 

Натпреварот од петтотo коло беше решен уште во првото полувреме, кога „кралевите“ создадоа голема залиха за остатокот од натпреварот, па затоа крајниот епилог не беше воопшто изненадувачки. Звезда одигра бледи две четвртини и на паузата губеше со високи 46-29. 

Гостите од Белград заиграа за нијанса подобро во второто полувреме, се одржуваа во егал во третата четвртина, но последниот период одново донесе солидна игра на Реал, кој на крајот комплетно го уништи ривалот со конечен резултат 95-72.

Црвена Звезда во периодот до 36. минута немаше ниту еден двоцифрен играч во составот, а на крајот Милош Теодосиќ стигна до учинок од 11 поени. Реал беше предводен од Џанан Муса со 17 и Факундо Кампацо со 13 поени.