Црвена Звезда покажа класа со Партизан и ја одбрани титулата во Купот

Екипата на Црвена Звезда во голем стил ја одбрани титулата во Купот на Србија. Тимот на Дејан Радоњиќ му одржа лекција на Партизан (85-68) пред полни трибини во салата „Чаир“ во Ниш.

Уште од стартот на натпреварот „црвено-белите“ покажаа дека се далеку поквалитетен тим од белградскиот ривал. Црвена Звезда отвори со серија од 10-0 против тимот на Обрадовиќ и константно водеше. Доминираше Звезда и во скокот и во поентирањето, на полувреме се имаше 49-28.

Високата разлика од околу 20 поени цело време беше на контото на тимот на Радоњиќ. Калиниќ беше најефикасен со 18 поени, пред Холинс со 13 поени, Марковиќ исто така даде 13. Кај Партизан најдобри беа Пантер и Лесор со по 14 поени.