Црвена Звезда никогаш не победила кај Химки, можеби сега е шансата за тоа

Гостувањето на Црвена Звезда во салата „Митишчи“ (петок, 18:00) може да се гледа од два агли. Прво, како одлична шанса да се искористи лошиот момент на Химки по стартните пет порази во Евролигата, без оглед на тоа што Римас Куртинаитис уште од минатата недела може да смета практично на сите најважни играчи во тимот. Друго, како најава за пеколниот ноември во кој Црвена Звезда ќе одигра шест европски натпревари, односно дури четири во период од девет дена, плус вечното дерби во Јадранската лига како гостин кај Партизан.

Добра вест за шефот на стручниот штаб, Саша Обрадовиќ, е дека на мегдан на Химки излегува со сите расположливи сили. И натаму стои знак прашалник околу дебитантскиот настап на Џони О'Брајант, бидејќи во овој момент неговото учество на оваа средба има 50-50 шанси. Сите други се здрави и подготвени за тешкото гостување кај Химки.

Погледнете ги сите квоти за натпреварот Химки - Ц. Звезда:

Тимот од Подмосковје е најголема жртва на променливата реторика на челниците на Евролигата. По почетните закани за тимовите дека ќе ги загубат сите натпревари со резултат (20-0) ако немаат барем осум играчи на располагање заедно со јуниорите, Евролигата во меѓувреме ја промени одлуката и ги поништи сите исходи за регистрирање на зелената маса. Така Химки ја загуби секоја, па и најмалата шанса рамноправно да се бори за победа со останатите чии средби се поместени за некој друг термин. Химки, да потсетиме, воведните четири кола ги одигра практично со осум играчи, вклучувајќи ги и јуниорите, поради што запиша четири порази. Петтиот, од Макаби во „Митишчи“ минатата недела, дојде иако за Химки играа Швед, Букер, Монро, Мики, Бертанс, Јеребко... Мајам во финишот беше натеран во ќош, но Илајџа Брајант и Тајлер Дорси направија пресврт и продолжение во кое „Гордоста на Израел“ имаше поладни глави и однесе заслужена победа.

Црвена Звезда како гостин во евролигашките натпревари со Химки никогаш не победила. Во февруари беше најблиску до тоа, но ѝ недостигаше малку среќа за конечно „црвено-белите“ да слават во Москва. Триумфот над ЦСКА во Белград минатата недела дефинитивно го поправи расположението во редовите на белградскиот клуб, иако против Мега за викендот се остварија сомнежите на Обрадовиќ дека би можел да се случи голем пад во играта и кикс на Нов Белград. Такво сценарио е избегнато во финишот.

Погледнете ги сите коефицинти од Евролигата:

Во фокусот на овој меч ќе биде, секако, дуелот меѓу Џордан Лојд и Алексеј Швед. Две напаѓачки сили ќе разменат оган и победникот од овој дуел лесно може да биде и победник на целиот меч. Швед на овосезонското деби уфрли 32 поени против Макаби, а Лојд веќе двапати ја надмина границата од 30 поени.

Тешко е да се каже кој е поблиску до победата во овој момент, но тоа веројатно е Химки само поради предноста на домашниот терен. Но ако одбраната на Звезда биде на ниво од претходните европски мечеви, а нападот функционира како против ЦСКА, ќе има материјал за нешто повеќе...

Ефес би требало да смета на Шејн Ларкин за гостувањето кај Олимпијакос, иако од истанбулскиот клуб стигна соопштение дека еден, непознат играч има позитивен ПЦР тест. Во нормални услови Ефес би бил апсолутен фаворит, вака можеби најдобро е да се погодува победа со хендикеп.

И Басконија и Барселона претрпеа порази во минатото коло од АЦБ лигата како гости. Првакот на Шпанија од Хувентуд, минатосезонскиот финалист од Мурсија. Во двата случаи тоа беа тесни порази. Во редовите на Барселона се враќа Никола Миротиќ, што е одлична вест за Шарунас Јасикевичиус. Басконија пре само десет дена ја победи Барселона во првенството исто така во Викторија, но тогаш гостите беа ослабени. Треба да се има на ум дека последните шест меча на овие ривали се завршени со едноцифрена разлика.