• Мартин Танасковски

Екипата на Црвена Звезда ја заврши шпанската турнеја во Евролигата со пораз. По неуспехот со Басконија, тимот на Дејан Радоњиќ загуби и од Реал Мадрид (79-67) и се враќа на предизвиците во АБА-лигата.
Српскиот шампион гостуваше во престолнината со еден куп проблеми, без неколку повредени првотимци, па ротацијата беше далеку намалена и тоа се покажа како главен проблем за Радоњиќ. Сепак, Црвена Звезда не се посрамоти затоа што парираше три периода, но потоа испушти здив.
- Реал Мадрид - Црвена Звезда 79-67:
Холинс беше лидер кај белграѓани со 16 поени, пред Цирбес со 12 поени, додека во Реал Мадрид кој е прв во евролигашкото друштво најмногу се истакна Таварес со 15 поени, пред Порие со 14 поени.
- Баерн Минхен - Панатинаикос 81-78:
Баерн Минхен во самиот финиш успеа да го совлада Панатинаикос (81-78). Одлучи „пенал-завршницата“ која беше во корист на бундеслигашот. Хилиард беше најдобар кај победникот со 20 поени, пред Томас со 17, додека кај „делетинките“ Папапетру финишира со 17 поени.