Црвена Звезда не се откажува, Париз доби кошаркарска лекција во Белград

Кошаркарите на Црвена Звезда го надиграа Париз Баскет со убедливи 94-81 во натпреварот од 36. коло на Евролигата, на тој начин задржувајќи ги шансите за пласман во разигрувањето. 

Белградскиот тим одигра одличен меч, постојано го имаше водството во свои раце, не оставајќи никаква шанса на ривалот. На паузата, Звезда водеше со 57-54, а потоа ја доби и третата четвртина во своја полза, што беше круцијален чекор кон победата. 

Стартот на последните десет минути донесоа нешто подобра игра на парижаните, но домаќинот немаше намера да дозволи никакво изненадување. Звезда го дотолчи ривалот и рутински го заокружи триумфот со конечни . Најдобар поединец во победничката екипа беше Чима Монеке со 21 поен, а уште 19 додаде Огњен Добриќ. На спротивната страна, 20 поени уфрли Надир Нифи, кој беше следен од Американецците Џеред Роден и Џастин Робинсон (двајцата по 13 поени). 

Во следното коло (претпоследно во регуларниот дел), Црвена Звезда се среќава со Асвел на гостински терен. Париз Баскет сега има скор од 14-22, а следен противник ќе му биде Макаби од Тел Авив. 

Убедлив триумф забележа и екипата на Олимпијакос, која го надигра славниот Реал Мадрид со 102-89. Лидерот на табелата беше убедлив во дербито на колото и одигра НБА натпревар пред своите гледачи. 

Олимпијакос беше предводен од со поени маестралниот Тајлер Дорси, кој запиша 35 поени, но ништо полош не беше ниту Саша Везенков со уште 24. Во редовите на „кралевите“, Треј Лајлс беше прво име со 22 поени.

Грчкиот гигант сега има учинок 24-12, а Реал Мадрид го запиша четиринаесеттиот пораз сезонава, но можно е и да ја задржи актуелната трета позиција. 

Во второто дерби вечерва, Хапоел Тел Авив беше сигурен против турскиот Фенербахче, надигрувајќи го турскиот гигант со 95-80. Дубаи го совлада Жалгирис (65-77), Панатинаикос ја доби Барселона на гости со 93-79, а Валенсија ја совлада Олимпија Милано со 102-96. Баерн Минхен ја продолжи кризата на Виртус Болоња со триумфот од 80-85.