Црвена Звезда не мирува: Џејмс Гист четврто засилување за Евролигата

Џејмс Гист е најновото засилување на шампионот во АБА лигата, Црвена ѕвезда. Американскиот крилен центар потпиша двегодишен договор и пак ќе игра пред белградската публика, откако еден дел од кариерата мина во Партизан.

32-годишниот Американец студираше на универзитетот Мериленд, а во Европа настапуваше за Биела, Локомотив Кубан, Партизан, Фенербахче, Уникаха и Панатинаикос, клуб каде настапуваше во последните шест сезони.

Гист им се приклучи на Дерик Браун, Огњен Кузмиќ и Чарлс Џенкинс, со што Црвена Звезда во друштво на Барселона е најзасилена екипа во Евролигата пред стартот на следната сезона.