• Горан Упале
Кошаркарите на Црвена Звезда како да се претплатени за трилер-завршници во новата сезона во Евролигата. Шампионот во АБА лигата вечерва ја забелеажа третата победа во низа, извојувана по голема драма против Макаби Тел Авив (69-68).
Оваа Црвена Звезда уште една покажа дека поседува квалитет и има карактер, а Душко Ивановиќ како да им влеа верба на играчите дека можат да стигнат до победа и кога се чини дека тоа е речиси невозможно. Така беше и против Асвел и Алба, а сега и против Макаби.
Белграѓани моќно го отворија натпреварот пред својата публика. Пеколната атмосфера во „Александар Николиќ“ ги мотивираше „црвено-белите“ да го растурат противникот во првите десет минути и на пауза да заминат со предност од девет поени, но потоа следуваше катастрофални десет минути за домаќините и само девет постигнати поени.
Во третиот квартал гостинот одново беше подобриот ривал на паркетот и намали на само три негатива, додека во финалните десет минути избраниците на Ивановиќ одиграа онолку колку што им беше доволно за да го сочуваат водството, а притоа и среќата беше на нивна страна.
Кај Црвена Звезда поентираа дури десет кошаркари, а најпрецизен беше Недовиќ со 12 поени. За поразениот тим разигран беше Броун со 23 поени.