Црвена Звезда ја напаѓа неосвоивата „Морача“

По две победи во Белград, црвено-белите сакаат да ја срушат традицијата, конечно да го совладаат Будуќност како гости и да ја завршат финалната серија по третиот натпревар

По успешно одработена задача во првите два натпревари од финалето, на сите во соблекувалната во Црвена Звезда им падна товарот од грбот и екипата може со мирна глава да се одмори, да ја обнови енергијата и да отпатува во Подгорица каде целиот притисок е на страна на Будуќност. Во „Морача“ сè е можно, па и тоа Црвена Звезда со „брејк“ да ја заврши финалната серија и да стави точка на оваа турбулентна сезона во регионалната лига.
Тоа може да биде случај уште во сабота, за кога е закажан третиот дуел од финалето, инаку прв во Подгорица. Не го памети по добро  Црвена Звезда минатото гостување во „Морача“, претрпе тежок пораз во кој дури пет играчи на Будуќност имаа двоцифрен учинок и сè тогаш одеше како подмачкано. 

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Будуќност - Црвена Звезда

Дејан Радоњиќ во меѓувреме работите ги донесе на своето место и успеа сите ударни игли на „сините“ да ги отсече од играта и да ги стави во втор план, па Црвена Звезда сега е на победа од титула. Сега, сепак, е потребно Звезда да ја урне традицијата, поради тоа што во „Морача“ нема победено на последните четири натпревари, односно ниту еднаш во последните години во плеј-оф пресметките во главниот град на Црна Гора

Во деновите за одмор меѓу натпреварите главно прашање за Црвена Звезда ќе биде здравствената состојба на Кори Волден. Тој ниту пред втората пресметка не тренираше со екипата и не се чувствуваше баш најспремен да заигра, исто како и Марко Јагодиќ Куриџа, кој, додуша, двапати беше во протоколот, ама не заигра. 

Дуелите на Будуќност и Црвена Звезда во последните години редовно носат неизвесност. Поточно, кога Будуќност победува, ниту еднаш во последните пет години не било со двоцифрена разлика, сè до натпреварот во март, а кога Звезда победува, дистанцата од десет поени е практично обврска. Кога се говори за вкупниот збир на поени, само трипати од последните дванаесет судири во „Морача“ се случило да има помалку од 145 поени. Последните години вообичаено дуелите во Црна Гора се ефикасни, со 152 или 164 поени, а ако се суди по случувањата во Белград, не е исклучено повторно да гледаме неизвесен дуел во кој конечниот исход ќе оди во плус.

Ако конечниот исход ви е незгоден за типување, играјте плус секако, иако не треба да се заборави дека Будуќност на свој паркет во 2021 година загуби само еден натпревар, и тоа од Виртус Болоња. За тоа време само еднаш даде помалку од 80 поени.