Црвена Звезда ја исфрли Олимпија и закажа „вечно дерби“ во АБА-финалето

Кошаркарите на Црвена Звезда се радуваа на домашно славје против Цедевита Олимпија (88-78) и со тоа ја завршија полуфиналната серија во АБА лигата. „Црвено-белите“ така се пласираа во финалето и за трофејот на Јадранот ќе разигруваат со лутиот ривал Партизан

Околу натпреварот, Звезда уште од стартот се наметна и бргу поведе двоцифрено. Цедевита Олимпија беше во налет до полувремето и од 19 поени дефицит дојде на само четири, па на пауза се замина со 42-37. 

Иако Словенците се одржуваа во игра на стартот на вториот дел, следеше одлична серија на Црвена Звезда од 14-0 со која дојдоа до највисоките +20. Иако Олимпија имаше уште еден налет во завршницата, успеа да дојде само до едноцифрената маргина и ништо повеќе. 

Јоги Ферел со 25 и Зоран Драгиќ со 21 поен од словенечкиот тим беа најдобри на паркетот, додека Никола Калиниќ заврши со 15 во победничкиот табор.