Црвена Звезда го задржува костурот, нов договор за „мозокот“ на тимот

Легендарниот српски плејмејкер, Милош Теодосиќ, ја продолжи соработката со Црвена Звезда и ќе се задржи во белградскиот гигант и следната сезона, јавија сите регионални медиуми. 

Навивачите се презадоволни затоа што управата го задржува кај себе „мозокот“ на тимот и веруваат дека со Теодосиќ шансите за успех дополнително им се зголемуваат.

Поранешниот српски репрезентативец минатата година се врати во Белград и прикажа одлични партии во црвено-белиот дрес. Црвена Звезда со голем успех ја круниса сезоната, триумфирајќи во АБА лигата и во домашното првенство. 

37-годишниот Милош Теодосиќ важи за еден од најдобрите српски кошаркари во историјата. Кариерата ја мина најмногу во евролигашките гиганти, меѓу кои се ЦСКА Москва, Олимпијакос и Виртус Болоња, а беше дел и од Лос Анџелес Клиперс во НБА лигата.