Црвена Звезда го „тресна“ ѕвездениот ПАО и е привремен лидер во елитата!

Кошаркарите на Црвена Звезда извојуваа голема победа над ѕвездениот Панатинаикос и славеа со конечни 86-68 во натпреварот од деветтото коло на Евролигата. 

Белградскиот гигант убедливо ги доби првите три четвртини, а на паузата имаше предност од високи 46-32. Слична слика видовме и во третата делница, кога српскиот тим го продолжи одличниот налет, па иако Панатинаикос возврати во последните десет минути (28-19), сепак, немаше сили за нешто повеќе.

„Залихата“ на белграѓани беше повеќе од доволна, па така сосема заслужено ја извојуваа седмата победа во елитата, со која барем привремено избиваат на врвот од табелата. 

Најдобри поединци кај победничкиот тим беа Милер-Мекинтајер и Монеке со по 14 поени, а од спротивниот табор се издвои Костас Слукас, кој постигна два поена повеќе.