Црвена Звезда го посакува Ненад Димитријевиќ!

Италијанскиот новинар Лука Д'Алесандро пишува дека Црвена Звезда се интересира и е во преговори со Ненад Димитријевиќ.

Македонскиот кошаркар моментално настапува за Валенсија. Во претходната сезона запиша просек од 9,4 поени и 4,2 асистенции по натпревар. 24-годишникот игра одлично во изминатите неколку сезони. Тоа му носи интерес од српскиот гигант, кој наводно го посакува во своите редови.

Хувентуд од Бадалона беше претходниот тим за кој настапуваше Димитријевиќ. И да остане во Валенсија и да премине меѓу „црвено-белите“ од Белград, македонскиот интернационалец следната сезона првпат ќе игра во Евролигата.