Црвена Звезда е старо-нов шампион на Србија, го добива пехарот во „Пионир“

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда објави дека се шампиони на Србија, откако вториот натпревар против Партизан на гостински терен беше прекинат поради немили сцени во салата.

Прекинатиот дуел е регистриран со службени 20-0 за црвено-белите, откако Партизан одби да се врати на теренот и да ја доигра средбата без навивачи.

Одлуката е потврдена од страна на комисијата на Српската кошаркарска федерација, па така Црвена Звезда ја заврши сезоната со тројна круна на домашната сцена.

Доделувањето на пехарот ќе биде во салата „Пионир“ вечерва од 19:00 часот.