Црвена Звезда доведе екстра засилување, Браун е ѕвездата за кам-бекот во Евролигата

Шампионот во регионалната АБА лига, белградска Црвена Звезда денес донесе големо засилување за сезоната 2019/20 во која пак ќе игра во Евролигата. Победата во пет меча во финалната серија против Будуќност ја донесе елитата во Белград, а клубот веднаш ги засука ракавите и доведе евролигашко засилување.

Американецот Дерик Браун се согласи на договор на една сезона со белградските „црвено-бели“. 31-годишниот Браун настапуваше за Шарлот и Њујорк Никс во НБА лигата, а во Европа ги носеше дресовите на Локомотив Кубан и Анадолу Ефес.

Браун ќе биде најскапоплатен кошаркар на Црвена Звезда, а клубот му понуди продолжување на договорот на Гркот Стратос Перпероглу.