Црвена Звезда блесна во последната четвртина и го „реши“ цврстиот Жалгирис

Кошаркарите на Црвена Звезда ја забележаа втората победа во новата сезона на Евролигата, откако одиграа нов квалитетен натпревар во елитата и одново  ги израдуваа своите фанови. 

По убедливиот триумф на гости кај Макаби Тел Авив во претходното коло, вечерва „црвено-белите“ во доста неизвесен и тврд натпревар го надиграа тимот на Жалгирис и заслужено со 73-61.

Натпреварот во Белград започна според очекувањата, со многу борба и мал број поени. По првите десет минути двете екипи постигнаа вкупно 27 поени, еден повеќе имаше Жалгирис, а ништо поразлично не беше ниту во вторите, во кои овој пат домаќинот  беше за нијанса подобар и на пауза замина со предност од предност од 29-27.

Голема борба се водеше и во третата четвртина и неизвесноста сè уште беше присутна, но во клучниот период од последниот квартал, Црвена Звезда влезе во посакуваниот ритам и ја разби противничката одбрана, а тоа донесе и убедлива победа од 12 поени разлика.

Калиниќ со 15 и Добриќ со 13 беа најпрецизни во таборот на Црвена Звезда, додека кај Жалгирис се истакна Небо со 14 поени.