Црвен аларм во Франција, двата главни центри го „откажаа“ ЕП!

Центрите на француската репрезентација, Руди Гобер и Виктор Вембањама, нема да настапат на претстојното Европско првенство во кошарка. Евробаскетот 2025 ќе се одржи од 27 август до 14 септември во Летонија, Финска, Полска и Кипар.

Како што јавуваат француските медиуми, селекторот Фредерик Фоту ќе мора да креира ростер без двете НБА ѕвезди. И Гобер и Вембањама официјално го откажаа настапот за националниот тим.

Во составот се очекуваат имиња како Жерсон Јабуселе и Алекс Сар. Франција ќе игра во групата што се игра во Полска, заедно со домаќинот, како и со Белгија, Словенија, Израел и Исланд.

Завршницата на Евробаскетот е закажана за Рига, каде што цел турнир ќе го одигра и српската репрезентација, од 6 до 14 септември.