• Иван Димовски

Кошаркарите на Бразил славеа против Црна Гора со 81-72 на стартот на квалификациите за Олимписките игри. На турнирот во Летонија „кариоките“ направија чекор во вистинската насока.
Црногорците подобро влегоа во натпреварот и водеа во текот на голем дел од истиот. Највисоката црногорска предност беше 13 поени (17-30) во втората четвртина, а на одмор заминаа со 36-42. Со тоа темпо се продолжи и во третиот период од мечот.
Бразилците се кренаа во завршницата, заиграа подобро од ривалот и направија пресврт. Во финишот славеа и со убедлива разлика.
Прво име во бразилската победа беше Кабокло кој уфрли 25 поени, а му помогна Хуертас со 17. Никола Вучевиќ имаше 17 поени и 13 скока, но недоволно за победа.