Циркуз на ФИБА? Домаќините на СП си ги одбраа САД, Словенија и Канада!

Домаќините на Светското првенство (СП) во 2023 година пред ждрепката за светскиот кошаркарски собир добија можност од ФИБА да бираат еден тим со кого ќе сакаат да играат, а тоа наиде на критики затоа што е далеку од сериозно.

Иако квалификациите за Мундобаскетот уште се во тек, Филипини, Индонезија и Јапонија веќе си одбраа по еден ривал. Се работи за одлука донесена од комерцијални причини.

Лука Дончиќ и Словенија ќе гостуваат во Јапонија, Канаѓаните ќе патуваат во Индонезија, додека Соединетите Американски Држави кои иако уште се немаат официјално квалификувано на СП, ќе одат на Филипини.

Ждрепката за СП 2023 на програмата е на 29 април во Манила, а настанот стартува на 25 август следната година.