Циркуз: АБА не започна по планот, одложено првото коло

Новата сезона во АБА лигата нема да започне според планираното. Раководството имаше состанок и го одложи првото коло.

Целиот проблем настана откако првиот натпревар меѓу Будуќност и Цибона беше одложен, затоа што загрепскиот тим воопшто не отпатува за Подгорица. Цибона била навреме информирана дека натпреварот нема да се одигра, па немало причина екипата да патува во Црна Гора. Дуелот требаше да се игра в петок во 18:00 часот.

Причината за одложувањето е спорот меѓу раководството на регионалното натпреварување и кошаркарските судии околу исплатата на премиите за натпреварите. Арбитрите засега не отстапуваат од своите барања, па постои реална можност проблемот да го одложи и целото прво коло.

Ситуацијата би можела да им создаде дополнителни проблеми на клубовите кои настапуваат на повеќе фронтови. Екипите кои играат и во европските натпреварувања ќе мора дополнително да го усогласуваат календарот доколку се создаде поголем број одложени средби.