Цирбес и Милер ја напуштија Црвена Звезда и потпишаа за Макаби

Кошаркарскиот великан, Макаби попладнево ги потврди трансферите на Мајк Цирбес и Квински Милер, кои по завршувањето на оваа сезона заминуваат откако им истекоа договорите со Црвена Звезда.

Германскиот и Американскиот кошаркар со тимот од Израел потпишаа двегодишен договор, а за овие трансфери Црвена Звезда нема да добие никакви дополнителни средства. 

Цирбес мина две успешни сезони го белградскиот клуб, додека Милер само минатата сезона беше член на „црвено-белите“ и се истакна, водејќи ја екипата до четвртфиналето на Евролигата.