ФОТО: Циц доби признание од БИБЛ за развојот на кошарката на Балканот

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски Циц пред почетокот на реванш дуелот од финалето во БИБЛ помеѓу Куманово и Берое доби пригодна награда.

Спортскиот директор на БИБЛ, Шеи Штрикс на главниот помагател и спонзор на клубот, Циц му врачи пригодна плакета за посебен придонес во развојот на кошаркарскиот спорт на Балканот.

Овој момент беше силно поздравен од гледалиштето во спортската сала на Куманово, а оваа награда сигурно ќе значи дополнителен стимул за градоначалникот и понатаму да инвестира во кошарката.