• Сашо Поповски
Екипата на Цибона го отпушти Славен Римац, кој беше на клупата последните две години.
Имено, главна причина за отказот беа слабите игри на екипата од Загреб во последниот период. Кулминација беше убедливиот пораз од Будуќност на домашен терен со 69-91, во рамките на регионалната АБА лига. Со овој пораз, загрепчани паднаа на 11. место на табелата во АБА лигата, со скор од 4 победи и 9 порази.
Овој понеделник е закажана прес-конференција, на која ќе се открие новиот тренер на екипата од Загреб.

