Цибона пред откажување од АБА лигата, МЗТ Скопје прва опција да ја замени?

Поранешниот европски првак, Цибона од Загреб, живее тешки денови. Загрепскиот клуб има големи финансиски проблеми и постојат реални шанси да се откаже од настап во регионалната АБА лига.

На претстојната седница на лигата ќе се решава настанатата ситуација. Ако Цибона не добие гаранции за нормално функционирање, АБА лигата ќе ја исклучи и покрај тоа што веќе е сврстена во календарот за сезоната 2024/25.

Според хрватските медиуми, ако Цибона биде исклучена, МЗТ Скопје ќе биде најсериозен кандидат да ја замени, бидејќи беше најдобропласиран тим од АБА2 лигата минатата сезона, ако се исклучат српските клубови (Србија не може да добие уште еден претставник во АБА лигата). 

МЗТ Скопје треба да настапи во АБА2 лигата, но подготвен е да го заземе местото на Цибона, ако добие „зелено светло“ од натпреварувањето.