Цибона излегува од кризата, Јосип Сесар нов тренер на тимот

Јосип Сесар ќе биде нов тренер на Цибона, пренесуваат хрватските медиуми.

Откако клубот го напуштија најголемиот дел од главните играчи, а минатата недела си заминаа Роко Пркачин и Матео Дрежњак, Цибона успеа да излезе од опасноста од банкрот и новата сезона ќе ја започне со значително намален буџет.

Планот на Александар Петровиќ да го спаси клубот не успеа, но се чини дека сегашното раководство направи сè за да ги санира големите долговите.

Јосип Сесар најголемите успеси како тренер ги постигна на клупата на Горица, со која од Втората лига дојде до врвот во прволигашкото друштво.