Цибона го демантира Ацо Петровиќ: Клубот нормално работи и нема да оди во стечај

Некогашниот европски првак Цибона од Загреб ги демантираше шпекулациите дека на 1 јуни поради финансиски проблеми, ќе замине во стечај. 

„Финансиското работење на Цибона е стабилно и ќе продолжиме со своите настапи на домашната и меѓународната сцена, оваа и во сезоните кои следуваат. Информациите кои се пласирани во медиумите се целосно невистинити“, пишува на официјалната интернет страница на клубот.

Тренерите, клупските челници и раководството со помош на градот Загреб ќе продолжат со својата секојдневна работа. Поранешен играч, тренер и претседател Ацо Петровиќ пред неколку дена зјави дека поранешниот европски првак ќе згасне до 1 јуни.

Петровиќ откри дека Цибона не ги почитувала одредбите од претстечајниот договор и ако продолжи да се однесувува така и во наредните три недели ќе се стекнат сите услови клубот за замине во стечај.