Чус го одбра, ветеранот одговори! Еве ги поените на Љуљ вредни – европска титула (ВИДЕО)

Реал Мадрид успеа по единаесетти пат да стане европски првак, откако во финалето на Евролигата ја доби драмата против одличниот Олимпијакос (79-78). „Кралскиот“ клуб беше фаворит од сенка, барем зад Грците и Барселона, меѓутоа покажа дека никогаш не смее да се потцени. 

Во големата драма на крајот и апсолутно израмнетиот финиш, тренерот Чус Матеo за последниот напад му даде одговорност на Серхио Љуљ. Ветеранот, кој многупати играл тешки натпревари, ја поведе топката од половината, па откако се потроши голем дел од времето, Љуљ шутна преку далеку повисокиот дефанзивец Мустафа Фол, и погоди двојка за предност и победа. 

Иако Олимпијакос имаше нешто повеќе од три секунди за да дојде до победата, последниот шут го промаши Костас Слукас, па поените на Љуљ беа одлучувачки на натпреварот. Тие поени се единствени кои ги постигна капитенот на Реал Мадрид во финалниот натпревар.